Бруно Фернандеш го одби богатството кое му беше понудено од Саудиска Арабија

Според Флориан Платенбер, 30-годишниот капитен на Манчестер Јунајтед, ја одби импресивната понуда од саудискиот клуб Ал Хилал. Понудата вклучуваше трансферна сума од 100 милиони фунти за Јунајтед и плата од 200 милиони фунти за Фернандеш во следните две сезони.
Иако агентот на португалскиот играч имаше интензивни преговори со раководството на Ал Хилал во Ријад, Фернандеш одлучи да остане во Европа. Според извори блиски до фудбалерот, семејните причини биле клучен фактор во неговата одлука.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, неколкупати јасно истакна дека клубот има намера да го задржи Фернандеш. „Бруно е суштински дел од нашите планови за иднината. Не само што е врвен фудбалер, туку и лидер на теренот и во соблекувалната. Такви играчи не се пуштаат лесно“.
Ал Хилал, кој се подготвува за претстојното Светско Клупско Првенство, се надеваше дека ќе го засили тимот со Фернандеш, но со неговата посветеност кон Манчестер Јунајтед, саудискиот клуб ќе мора да бара други опции за средниот ред.