Бруно Фернандеш позитивен на ковид-19, неизвесен за дуелот со Атлетико Мадрид

Бруно Фернандеш имал позитивен ковид-19 тест и може да го пропушти реванш натпреварот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Според информациите од Англија кои ги потврди и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, Португалецот се уште чека негативен тест.
Лук Шо и Скот Мектоминај го пропуштија мечот во саботата, но се во план за настап против Атлетико.
„Се надевам дека Скоти ќе биде подобар. Имаше болки во потколеницата и затоа го оставив да одмори. Скоти е вреден играч за нас, но само кога е 100 отсто подготвен за игра”, изјави Рангник.
„Лук треба да продолжи со тренинзите во понеделник, а ќе го чекаме Бруно до последен момент. Тој има позитивен тест за ковид-19 и мора да бидеме внимателни“.