Бруно Фернандеш: Роналдо не заслужува ваков третман

Бруно Фернандеш откри дека лично разговарал со Кристијано Роналдо кој реши да го напушти кампот на Португалија додека трае серијата на натпревари во Лигата на Нации.
„Разговарав лично со Крис и тоа што му го кажав нему можам да го кажам и сега. Без оглед на тоа што се случува, Крис никогаш нема да престане да биде најголемиот симбол на нашата репрезентација“ – изјави Фернандеш.
„Најважно е да престанеме да се делиме. Репрезентацијата е единствена и таква ќе остане“ – потенцираше играчот на Португалија.