Бруно Фернандеш: Јунајтед мора секогаш да се бори за титула

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, вели дека „црвените ѓаволи“ мораат да се вратат во трката за титулата во Премиер-лигата.
„Очигледно во Премиер лигата започнавме да заостануваме а навивачите беа свесни дека можеме да добиеме многу повеќе од она што го сакаме.
Јунајтед нема цел да биде во топ 4 туку да ја освои Премиер лигата.Тоа е минатото на клубот, тоа е историјата на клубот и мора да биде сегашноста и иднината“, нагласи Фернандеш.