Брус: Одиграв значајна улога и го задржав Њукасл во Премиер лигата

Тренерот на Њукасл, Стив Брус, дојде до илјадитиот меч во Премиер лигата, но, не успеа да се израдува на поволен резултат откако неговиот тим загуби од Тотенхем со 3-2. Искусниот фудбалски стартег кој најверојтано ќе добие отказ од новите сопственици од Саудиска Арабија,  вели дека е презадоволен  реакциите на трибините и надвор од стадионот.

„Ќе останам тука колку треба и ќе размислувам само на Њукасл се додека не ми го кажат спротивното. За таа тема не се поставува прашање само кај мене. Пресреќен сум за новото раководство и промената на подобро. Без оглед што ќе се случи во блиска иднина, мислам дека одиграв значајна улога со тоа што го задржав тимот во Премиер лигата“, изјави Брус.