Буади од Лил треба да биде замената за Родри во Сити

Манчестер Сити пронајде замена за шпанскиот репрезентативен дефанзивен играч од средниот ред Родри, кој е блиску до трансфер во Реал Мадрид, објави новинарот Николо Шира на социјалните мрежи.

Според изворпт, играчот од средниот ред на Лил, Ајуб Буади, е еден чекор поблиску до приклучување кон Манчестер Сити. Клубот и играчот се согласиле за личните услови за договор што ќе важи до летото 2031 година.

Претходно, медиумските извештаи покажаа дека францускиот клуб бара 100 милиони евра од потенцијалната продажба на 18-годишникот. Родри пак, даде зелено светло за трансфер во мадридскиот гигант.

Минатата сезона, Буади одигра 42 натпревари во сите натпреварувања за својот клуб, постигнувајќи една асистенција. Неговиот тековен договор со клубот е до летото 2029 година. 18-годишниот Мароканец одигра пет натпревари за својот тим на Светското првенство во 2026 година, не постигнувајќи ниту еден гол.