Бубакар Камара од Олимпик Марсеј пред портите на „Сан Сиро“

Милан покажува сериозен интерес за играчот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Апенините.

21-годишниот играч одигра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Милан веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.

Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Марсеј е спремен да ја пушти својата ѕвезда за 30 милиони евра, но Милан ќе се обиде да ја намали цената преку преговори.