Бугарија го смени селекторот по само два натпревари во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Бугарија ќе мора да бара нов селектор, откако Александар Димитров поднесе неотповиклива оставка по разочарувачкиот старт во Лигата на нации.

Бугарите од првите два натпревари, и двата одиграни во Пловдив, освоија само еден бод. Најпрво беа изненадени од Луксембург, кој славеше со 1-2, а потоа одиграа без голови против Естонија.

Димитров ја соопшти својата одлука веднаш по вториот натпревар, изразувајќи незадоволство од играта и фактот што неговиот тим не успеал да го спроведе подготвениот план.

„Одигравме многу хаотично. Нашиот план не беше спроведен, а во нападот не успеавме да создадеме притисок. Тоа значи дека ја изгубивме довербата на играчите. Со ваква игра и вакво издание, завршуваме. Му благодарaм на Фудбалскиот сојуз за укажаната можност“, изјави Димитров.

Димитров ја предводеше репрезентацијата на Бугарија на 10 натпревари, на кои забележа три победи, две ремија и пет порази.

Бугарија сега ја очекуваат две последователни гостувања. Во сабота ќе гостува кај Исланд во Рејкјавик, а три дена подоцна ќе му гостува на Луксембург.

Исланд со победата од 3:0 над Луксембург го презеде првото место во групата.