Бугарија остана без селектор, Илиев поднесе оставка

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација поднесе оставка.

Илијан Илиев одлучи да се повлече од функцијата селектор по лошиот почеток на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.

Одлуката ја потврди Бугарскиот фудбалски сојуз (БФУ), наведувајќи дека името на новиот селектор ќе биде објавено во наредниот период.

Бугарија претрпе два убедливи порази во првите две кола од квалификациите – загуби од Шпанија со 3-0 во Софија, а потоа загуби со ист резултат на гостински терен од Грузија во Тбилиси.

Бугарија е на последното место во Групата Е без освоен бод.