Будимир јунак, Осасуна ја симна круната на Атлетик Билбао

Актуелниот освојувач на шпанскиот кралски куп, Атлетик Билбао, оваа сезона е елиминиран во осминафиналето.

Атлетик на својот „Сан Мамес“ беше поразен од Осасуна со 2-3. Херој на тимот од Памплона е хрватскиот напаѓач Анте Будимир, кој вечерва со два гола ја замолкна популарната „Катедрала“ и го одведе својот тим меѓу осумте најдобри.

Осасуна им зададе тешки удари на домаќините на крајот од првото полувреме. Најпрво во 40. минута Аимар Ороз го постигна првиот гол, а четири минути подоцна Осасуна поведе со 2-0 со голот на Будимир од пенал.

Во судиското надополнување на првото полувреме, домашните успеаја да ја преполоват негативата. Ињаки Вилијамс нафрли, а неговиот брат Нико постигна голот кој ги врати во живот Баскијците.

Билбао успеа да израмни по десет минути игра во вториот дел кога погоди ветеранот Оскар Де маркос. Сепак конечниот удар на Атлетик му го зададе Будимир во 70.минута.

Пласман во четвртфиналето избори Реал Сосиедад кој го победи Рајо Ваљекано со 1-3.

Сосиедад поведе во 23. минута со голот на Микел Ојарзабал, а во судиското надополнување на првото полувреме Јон Андер Оласагасти зголеми на 0-2.

Во седмата минута од судиското надополнување Рајо ја намали негативата со голот од пенал на Оскар Трехо, но третиот гол на Серхио Гомез за Сосиедад во 79. минута ги реши сите сомнежи за победникот