Букенан од следната сезона ќе го носи дресот на Интер

Доколку Интер обезбеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона, тогаш ќе го купи младиот фудбалер на Бриж, Тајон Букенан.
Трансферот за сума од 15 милиони евра е условен со пласманот во елитата, најавија денеска дел од медиумите. 24-годишниот фудбалер игра по страничните позиции но, може да се користи и на двете страни од теренот.
Репрезентативецот на Канада со одличните партии на Светското првенство во Катар го привлече вниманието на италијанскиот тим.