Букурешт ќе биде домаќин на дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Челзи

Атлетико Мадрид може да биде домаќин на Челзи на „Националната Арена“ во Букурешт. Во моментов во Шпанија е забрането да пристигнуваат патници од земјите со брзо распространета нова верзија на ковид-19, вклучувајќи ја и Велика Британија и таа забрана трае до 16 февруари. Доколку оваа мерка се продолжи, тоа може да влијае на пресметката со лондончани во осминафиналето во Лигата на шампионите која е закажана за 23 февруари.
Одлуката на владата за укинување или продолжување на забраната треба да се донесе денеска. Во Букурешт, Атлетико го освои својот прв трофеј под водство на Диего Симеоне, совладувајќи го Атлетик Билбао со 3-0 во 2012 година во финалето на Лигата на Европа.