Бум во НБА! Харден се пресели во Бруклин!
Џејмс Харден е нов кошаркар на Бруклин Нетс, објавија медиумите во САД.
Во големата размена на играчи учествуваа дури четири клуба. Хјустон за Харден го добија Ексум од Кливленд, односно Леверт и Куруч од Бруклин и четири пика од првата рунда на драфтот, како и четири можности за трејд. Леверт веднаш беше проследен во Индијана, а во спротивен правец се упати Виктор Оладипо.
Кливленд во оваа размена ги доби Џерет Ален и Ториан Принс од Бруклин.
Заминувањето на Харден од ден на ден беше се поблиску, беше јасно дека Хјустон веќе не е во неговите планови. „Брадата“ тоа го најави во последниот негов натпревар.
„Едноставно не сме доволно добри. Немаме хемија, талент, ништо. И тоа се гледа на натпреварите. Го сакам овој град, направив се што можев. Но, ситуаццијата и луда и мислам дека не може да се поправи.“ – изјави Харден по поразот од Лејкерс пред два дена.