Бундеслигашот Хофенхајм назначи нов тренер

Германскиот фудбалски клуб Хофенхајм објави дека за нов тренер го постави Американецот Пелегрино Матарацо.

Матарацо кој е роден во Њу Џерси, од 2017. до 2019.година беше помошник тренер и тренер на младинските категории во Хофенхајм, после што го презеде водењето на првиот тим на Штутгарт.

Тој во октомври минатата година доби отказ на позицијата тренер во Штутгарт, а во Хофенхајм ќе го менува Андреа Брајтенрајтен кој беше сменет поради лошите резултати на клубот.

Хофенхајм се наоѓа на 14.место на табелата во Бундеслигата, со совоени 19 бодови.