Бурак Јилмаз: Тотално потфрливме, им се извинуваме на фановите
Репрезентацијата на Турција се вбројува меѓу најголемите разочарувања на европското првенство откако во групата А ги загуби дуелите со Италија, Велс и Швајцарија и мораше да си ги спакува кyферите.
Капитенот, Бурак Јилмаз, вели дека неговата селекција го немала потребниот квалитет на мечевите одиграни во Рим и во Баку. За лошите изданија се свесни и во таборот на Турција.
„Не успеавме да се носиме со предизвикот на голем турнир. Играме добро во квалификациите за Светското, но,очигледно не сме подготвени за големи натпреварувања. Мора да учиме многу“ , истакна капитенот Бурак Јилмаз.
