Бускетс донесе одлука за својата иднина во Барса

Серхио Бускетс пред некое време донесе важна одлука кога е во прашање шпанската репрезентација од која реши да се повлече по неуспехот на Светското првенство на кое „црвената фурија“ беше елиминирана од Мароко во првата нокаут рунда.

Сега како што информира „Мундо Депортиво“ искусниот играч за врска донел клучна одлука и за клупското прашање околу неговиот статус во Барселона. Неговиот договор завршува на крајот на сезоната и веќе одредено време има дилеми околу тоа дали ќе остане на „Камп Ноу“ и по 2023 година.

Имено според „Мундо Депортиво“, ветеранот решил да си замине од шпанскиот великан по крајот на оваа сезона. Иако тренерот Чави Ернандес посакуваше тој да остане Серхио смета дека е време за разделка по 15 години во првата екипа.