Бускетс најави крај на својата репрезентативна кариера
Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Бускетс, најави дека Мундијалот во Катар ќе биде негов последен на кој ќе учествува како фудбалер.
Првотимецот на Барселона посакува во репрезентативна пензија да замине со титулата на светски шампион.
„Оваа генерација на Шпанија има квалитет и капацитет да се закити со титулата светски шампион и за тоа ни се потребни седум победи. Првата од тие победи треба да ја оствариме против Костарика и ние сме потполно фокусирани на тој тој дуел. Ова е мое четврто светско првенство и сум возбуден што повторно добив прилика да ја претставувам својата земја. Како што стојат работите ова ќе биде мој последен Мундијал“, изјави 34-годишниот Бускетс.