Бускетс се предомисли, ќе игра за Барса и догодина

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, наводно, се стреми кон потпишување нов договор со клубот -и покрај стравувањата дека ќе замине како слободен играч на крајот на сезоната и ќе се пресели во САД во тамошната МЛС лига.

Шпанецот во моментов е играч со најдолг стаж во тимот и капитен на клубот, но неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Тој веќе го објави своето повлекување од репрезентацијата на Шпанија по Светското првенство, а некои луѓе во клубот сметаа дека тој најверојатно ќе си оди и од Барселона.

Но, сега ситуацијата „радикално се промени“ по разговорите со неговиот менаџер Чави. Според „Мундо Депортиво“ по Нова година Бускетс ќе седне со раководството и ќе ги разгледа опциите за уште едногодишно останување во Каталонија.