Бутел не се пласира во ракометната Лига на Европа

Ракометниот клуб Бутел не успеа да избори учество во групната фаза од Лигата на Европа, откако екипата загуби и на реваншот со тимот на Алпла Хард од Австрија кој се одигра во Скопје. Конечниот резултат на реванш дуелот беше 25:21 за гостите од Австрија.

Иако играчите и стручниот штаб на македонскиот претставник најавуваа бркање на негативата од првиот дуел одигран во Австрија, сепак тимот се прикажа во слабо издание и на овај натпревар пред домашната публика и заслужено беше елиминиран од европските натпреварувања.