Бутел потпиша со голманот Марко Богдановски

Марко Богдановски потпиша двегодишен договор со скопскиот суперлигаш Бутел.
25-годишниот чувар на мрежата доаѓа од редовите на актуелниот шампион Вардар 1961, каде мина две и пол сезони и ја освои двојната круна.
Во Бутел повторно ќе соработува со Стојанче Стоилов, кој од ова лето ќе ја преземе тренерската функција.