Бутел со првото засилување, Градимир Чаневски се врати на голот на оваа екипа!

Искусниот ракометен голман Градимир Чаневски по четири сезони одново ќе го брани голот на Бутел Скопје, каде што мина една година.
Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот предводник на РК Бутел, Стојанче Стоилов.
Чаневски е искусен голман, кој треба да донесе сигурност меѓу стативите, а потекнува од школата на Металург каде остана до 2010 година. Играше и во Вардар до 2014 година, па во Вардар Јуниор две сезони, потоа се пресели во Битола, каде беше дел од Еурофарм Пелистер пет сезони.
Следуваше една сезона во Бутел Скопје, за потоа да следи и првото интернационално искуство во Израел, каде стана шампион со Макаби Ришон Ле Зион, а македонскиот голман беше избран и за најдобар на таа позиција во лигата за сезоната 2023/24. Последните две сезони ги мина на голот на Охрид, а ова лето прави камбек во Бутел Скопје, кој во новата сезона освен на домашна сцена, ќе игра и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп.