Буфон бира меѓу Јуве, помал клуб или пензија
Дали ова е последна сезона за Џанлуиџи Буфон? Во овој момент одговорот на прашањето веројатно не го знае ниту тој самиот. Буфон има 43 години, но и понатаму брани во одлична форма. Пред него сега се три опции. Првата опција е преговори со Јувентус за нов договор на дополнителна една година, втората преговори со друг тим, а третата – пензија. Јувентус го чека, но клубот мора да биде спремен и да бара негова замена за наредната сезона ако Џиџи се реши да не продолжи.