Буфон знае кој е вистинскиот човек за Јуве

Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, ја изрази својата поддршка за својот поранешен соиграч Лучијано Спалети, кој е фаворит да го замени Игор Тудор на функцијата менаџер на „бјанконерите“.
„За мене, Лучијано е вистинскиот профил за секој голем клуб кој сака да остане амбициозен. Со него нема да изгубите многу натпревари“, рече Буфон кој работеше со Спалети во репрезентацијата на Италија.
Медиумите во Италија наведуваат дека за местото на Хрватот може да конкурираат и Роберто Манчини и Рафаеле Паладино.