Буфон: Не сум јас, Касиљас е најдобриот на сите времиња
Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон не мисли дека бил најдобриот голман во историјата на фудбалот.
45-годишниот Италијанец летово ја заврши професионалната кариера во Парма, која траеше од 2005 година.
„Им благодарам на луѓето кои мислат дека сум најдобриот голман на сите времиња, но не сум. Така мислат затоа што јас издржав долго време. Сепак, за мене најдобриот голман на сите времиња доаѓа од Шпанија и се вика Икер Касиљас. Играше за најголемиот клуб во Европа и освои се и во клубот и во репрезентацијата“, изјави Буфон.
Италијанецот израсна во Парма, од каде во 2001 година се пресели во Јувентус, со кого, меѓу другото, десет пати беше шампион на Италија. Во дресот на клубот од Торино помина 17 години, а во 2019 година потпиша за ПСЖ.