Буфон планира да игра до 2023 година

Џанлуиџи Буфон откри кога планира да стави крај на богатата фудбалска кариера. Легендарниот чувар на мрежата на „аѕурите“ дебитираше во професионалните води во ноември во 1995 година во дресот на Парма. Потоа поголемиот дел од кариерата го помина во Јувентус. „Имам замислено во мојата глава дека тоа ќе биде во јуни во 2023 година. Тоа е максимумот, иако можам да престанам да играм и по четири месеци“, изјави Буфон. Буфон со „старата дама“ успеа да освои десет титули во Серија А. Тој е светски шампион со италијанската репрезентација. Во еден период од кариерата ги бранеше и боите на ПСЖ.