Буфон: Секако дека ПСЖ може да ја освои Лигата на шампионите

Пари Сен Жермен има тим за освојување на Лигата на шампионите, изјави италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон, кој се потсети на својот краток престој во Париз како едно од „најубавите искуства и како фудбалер и како личност“.
Светскиот шампион од 2006 година на 44 години брани за Парма, во Серија Б и се уште не најавува пензија.
„Во последните седум-осум години, ПСЖ секогаш имаше тим кој може да ја освои Лигата на шампионите. Но, за да успеете во тоа, има детали кои понекогаш зависат и од среќата. Но, да, ПСЖ може да ја освои Лигата на шампионите. секоја година“, истакна Буфон.