Буфон: Јуве не беше подготвен за ѕвезда како Роналдо
Џанлуиџи Буфон кој долго време играше за Јувентус, зборуваше за влијанието на напаѓачот, Кристијано Роналдо, врз тимот од Торино.
Претходно, легендарниот голман изјави, дека со доаѓањето на Португалецот, Јуве изгубил дел од ДНК. Роналдо за Јувентус играше три години и за тоа време постигна 101 гол. Сепак, со него тимот никогаш не ја освои Лигата на шампионите како што многумина сонуваа во Торино.
„Реков дека со Роналдо, Јувентус изгуби дел од својата ДНК, затоа што навистина мислам така. Кога потпишувате со фудбалер од таков калибар, знаете во што се впуштате. Во такви ситуации, играчите треба да бидат подготвени за транзиција на таков играч“, изјавил Буфон.