„БЦ Партнерс“ ја купува Евролигата
Британската компанија „БЦ Партнерс“ преговара со кошаркарската Евролига за купување на малцински удел од ова натпреварување.
Според „Фајненшл тајмс“, оваа компанија чија вредност се проценува на 145 милијарди долари би зазела третина од уделот во управувањето на натпреварувањето, доколку се остварат преговорите со актуелното раководство на Евролигата.
Според проценките, вредноста на Евролигата достигна една милијарда долари. Оптимистичките проценки, повторно според споменатиот извор, велат дека преговорите меѓу двете страни би можеле да завршат за еден месец, иако, како што наведуваат од eвропските медиуми, најверојатно ќе се пролонгираат, но секако целата приказна за продажбата на акциите на управувањето со новите сопственици би можело да се заврши до крајот на годината.