Бјелица го враќа Адеми во Европа, македонскиот репрезентативец во Трабзонспор?
Аријан Адеми би можел наскоро да се врати во Европа бидејќи
интерес за него покажал Трабзонспор.
Според информациите на турските медиуми, Трабзонспор
започнал преговори со Пекинг Гуан за позајмица на македонскиот
репрезентативец. Засега нема најави каков би бил исходот на
преговорите.
Сепак, турските медиуми истакнуваат дека Трабзон по секоја цена
сака да се засили со искусен играч за врска кој ќе помага и во
одбраната. Покрај Адеми во игра се уште неколку имиња, но
нашиот фудбалер е прва мета поради хрватскиот стратег Ненад
Бјелица.