Вавринка на Ролан Гарос ја заврши професионалната кариера

Стен Вавринка, трикратниот грен слем шампион и човек кој во своите најдобри денови играше тенис со кој ја уриваше дури и недопирливата „Голема тројка“, доживеа емотивна елиминација во првото коло на Ролан Гарос од холандскиот тенисер Јеспер де Јонг со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 6-4).
По завршувањето на мечот, организаторите организираа специјална церемонија на која беа емитувани видео-пораки од неговите најголеми пријатели и ривали на теренот – Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Гаел Монфис, Јаник Синер и седумкратниот грен слем шампион Карлос Алкараз.
Популарниот „Станимал“, прекар кој своевремено му го додели лично Роџер Федерер, не можеше да ги сокрие емоциите при обраќањето на неговите сонародници и колеги.