Валанчиунас се сели во Вашингтон, а не во Лос Анџелес
Литванскиот центар Јонас Валанчиунас веќе реши каде ќе ја продолжи кариерата, Според инсајдерот Адријан Војнаровски, тој ќе се пресели во клубот од главниот град.
Валанчиунас ќе потпише договор со екипата на Вашингтон Визардс, според кој ќе заработи 30 милиони за 3 години. За неговите услуги беа заинтересирани и Лејкерси, особено леброн Џејмс, кој посакуваше да го види Валанчиунас во составот од Калифорнија.
Валанчиунас последните години ги помина во Њу Орлеанс, а минатата сезона ја заврши со просек од 12,2 поени и 8,8 скока.