Валах останува во Вардар до 2028 година

Ракометниот клуб Вардар ја продолжи соработката со голманот Милош Валах, кој потпиша нов договор и ќе остане во Скопје најмалку до 2028 година.

Валах пристигна во Вардар од полскиот Киелце и во изминатите две години со одличните настапи се наметна како прв голман на тимот. Воедно, тој е и репрезентативец на својата земја.

Со продолжувањето на договорот со Валах, „црвено-црните“ продолжуваат да го формираат составот за следните сезони, со амбиција за нови успеси на домашната и меѓународната сцена.