Валверде закачи ковид, Зидан без уште еден клучен фудбалер
Играчот за врска на Реал Мадрид, Федерико Валверде, бил позитивен на тестот за коронавирус, објави денеска клубот. Реал Мадрид додаде дека Федерико Валверде бил изолиран штом излегоа резултатите. Тестот беше направен пред мечот со Хетафе. Во оваа ситуација, 22-годишниот Уругваец го пропушти натпреварот со Кадиз, а ќе го нема и на престојното гостување кај Бетис. Во оваа ситуација, тренерот Зинедин Зидан остана без седум играчи поради повреди, казни или ковид-19. Капетанот Серхио Рамос исто така има коронавирус. Неговиот колега во средината на одбраната, Рафаел Варан, само што се опорави и треба да излезе од карантин.