Валенсија бара одложување на натпреварот од Купот на Кралот

Валенсија побара од шпанската фудбалска федерација да го одложи натпреварот од Купот на Кралот против Парла Ескуела во Мадрид кој треба да се игра вечерва, откако во поплавите во југоисточниот дел на земјата загинаа неколку луѓе, а властите препорачаа да се избегнуваат несуштинските патувања, објави Ројтерс.

Метеоролошката агенција АЕМЕТ во вторникот прогласи црвен аларм во источна Валенсија, додека пожарникарите спасуваа луѓе затрупани во надојдените води од бурата Дана.

„Клубот смета дека одложувањето е најсоодветната мерка поради сериозните последици од Дана кои ги доживуваме во провинцијата Валенсија“, напишаа од клубот на својот профил на платформата Х.

Валенсија, која е на дното во Примера, во сабота треба да му гостува на Реал Мадрид.