Валенсија се раздели со тренерот Гатузо

Шпанскиот фудбалски клуб Валенсија преку својот официјален Твитер профил објави дека ја прекина соработката со тренерот Џенаро Гатузо.

„Валенсија објавува дека клубот и тренерот на првиот тим, Џенаро Гатузо, спогодбено го раскинаа договорот, и дека италијанскиот стручњак нема повеќе да ја води екипата. Клубот сака да му се заблагодари на тренерот на неговиот ангажман и работа во текот на претходните месеци и му посакува успех во иднина“, пишува во соопштението на Валенсија.

Гатузо претходно беше тренер на Пиза, Наполи, Милан, ОФИ Крит, Палермо и Сион.