Валенсија ќе проба да го продолжи договорот со Хозе Гаја

Италијанскиот фудбалски новинар, Фабрицио Романо, известува дека Валенсија се обидува да го продолжи договорот со својот дефанзивец Хозе Гаја.

Според изворот, клубот веќе упатил понуда до 26-годишниот Шпанец. Сега одлуката ќе биде на играчот за кој голем интерес покажува гигантот Барселона.

Сезонава, Гаја постигна 2 гола и оствари 4 асистенции на 23 натпревари за Валенсија. Вредноста на играчот се проценува на 40 милиони евра,а неговиот актуелен договор е со важност до јуни 2023 година.