Ван Бастен упати критики за играта на Де Лихт

Марко ван Бастен, кој направи извонредна кариера во Италија, не е импресиониран од напредокот на неговиот холандски сонародник Матијас Де Лихт во Серија А.

Пред две сезони, младиот играч ја одбра понудата на Јувентус со надеж дека ќе научи нови работи и дека ќе напредува. Сепак, поранешниот напаѓач не мисли дека поранешниот капитен на Ајакс направил напредок.

„Матијас отиде во Италија да се развива како дефанзивец, но мислам дека тој не научи многу. Тој мора да научи како да ја води одбраната – да се слушна неговиот збор кога е на теренот “, изјави Ван Бастен.