Ван Бастен: Халанд е подобар напаѓач од Левандовски

Холандската фудбалска легенда, Марко ван Бастен, го пофали Ерлинг Холанд и го опиша како подобар од Полјакот, Роберт Левандовски, кој беше прогласен за најдобар фудбалер во 2020 година.
Младиот норвежанец собори повеќе рекорди и продолжува да постигнува голови во дресот на Борусија Дортмунд. Тој има 17 голови на 17 натпревари во сезонава во Бундес-лигата а постигна и 8 голови на 5 средби во Лигата на шампионите.
„Дали е Холанд новиот Левандовски? Мислам дека е подобар, тој е многу интелигентен, има добра техника, постигнува многу голови. Тој е многу посебно момче“, рече Ван Бастен.