Ван Бисака одлучи да за игра за селекцијата на Конго

Десниот бек на Вест хем, Арон Ван-Бисака, би можел наскоро да го промени репрезентативниот дрес и место за Англија да настапува за селекцијата на Демократска Република Конго.
Роден во Англија, Ван-Бисака ги мина сите младински категории во репрезентацијата на „Гордиот Албион“. Во 2019 година доби и сениорска покана по добриот почеток со Манчестер јунајтед, каде пристигна од Кристал Палас. Но, повреда го спречи да дебитира, а нова шанса во сениорскиот национален тим повеќе не доби.
Селекцијата на ДР Конго веќе неколку пати се обидуваше да го вклучи во своите редови, но Ван-Бисака досега ги одбиваше повиците. Сепак, сега неговото име се најде на поширокиот список од 26 фудбалери за претстојните пријателски натпревари против Мали и Мадагаскар на почетокот од јуни.
Репрезентацијата на Конго е во подем и не само што ќе биде дел од Африканскиот куп на нации во Мароко кон крајот на годината, туку е и во одлична позиција во квалификациите за Светското првенство 2026. По шест одиграни кола, Конго е лидер во групата Б со 13 бодови, пред силниот Сенегал.
Ако Ван-Бисака се одлучи за оваа промена, тоа би значело големо засилување за африканската селекција во пресрет на важните натпревари што следуваат.