Ван Гал: Задоволен сум од играта во одбраната

Селекторот на фудбалската репрезентација на Холандија, Луј ван Гал, после победата на неговата селекција над Сенегал, изјави дека е задоволен од играта на својот тим во одбраната, но не е задоволен од играта во средината на теренот.

Ван Гал потенцира дека неговата екипа успеа да направи пет шанси во првото полувреме, но дека застана со креирање на шанси во второто полувреме поради што направи промени во екипата.

Холандија го победи Сенегал со 2:0, во натпревар од првото коло во Групата А. Стрелци за Холандија беа Гакпо во 84.минута и Класен во деветтата минута од судиското продолжение.