Ван Гал: Имаме план како да го сопреме Меси

Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Луj ван Гал, има план како да се справи со Лионел Меси, но тој се уште не го открил целосно. Репрезентацијата на Холандија ќе се соочи со Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство, во петок 9 декември во 20:00 часот.

Меси, кој најверојатно ќе го игра последното Светско првенство во кариерата, има три гола на четири натпревари досега во Катар и е клучен играч во селекцијата на Аргентина. 

„Меси е најопасниот креативен играч, тој може да создаде многу шанси и да постигнува голови. Но, кога ја губат топката, тој не е многу вклучен во играта, тоа ни дава шанси. Имаме план како да го сопреме Меси и тоа ќе го видите во петок“, одговори Ван Гал на прашањето како Холандија ќе се брани од Меси.