Ван Дајк донесе одлука за својата иднина

Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул би можел да го продаде капитенот Вирџил Ван Дајк, доколку не стави потпис на нов договор.

Холанѓанецот изјави дека конечната одлука ќе ја донесе после Европското првенство.

Англиските медиуми сега објавија дека Ван Дајк донел одлука и му потврдил на Ливерпул дека сака да потпише нов договор со клубот и да остане на Енфилд.

Новиот тренер, Арне Слот разговарал со него и му потвдил дека ќе биде столб на одбраната и во наредните години.