Ван Дајк забрзано тренира за да се врати на терените сезонава

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Виргил ван Дајк, првпат направи тренинг со топка по тешката повреда што го извади од терените подолг период.
29-годишниот стопер продолжува да се опоравува од повредата што ја заработи на 17 октомври на натпреварот од петтото коло во Премиер лигата против Евертон (2-2).
Холанѓанецот денеска работеше прво во теретана а потоа и на тревнатиот терен. Искусниот дефанзивец во сезонава одигра 8 натпревари за Ливерпул и постигна еден гол.