Ван Дајк: Пофалби за играта на Еквадор

Капитенот на Холандија, Вирџил ван Дајк, после нерешениот резултат од 1:1 против селекцијата на Еквадор на СП, истакнува дека противничкиот тим прикажал брилијантна игра и борбеност.

„Нашиот противник не е врвна екипа на светско ниво, но тие беа многу борбени и играа извонредно. Како резултат на тоа, ние пречесто ја губевме топката“, изјави Ван Дајк за медиумите.

Капитенот на Холандија истакнува дека неговите играчи имаа поспоро темпо ако се земе во предвид фактот дека играле против добар тим.

После два кола, Холандија и Еквадор имаат по четири бода, Сенега има три, а Катар е без бодови, и е веќе елиминиран од натпреварувањето.