Ван Дајк: Ремито во Манчестер е еднакво на пораз
Јирген Клоп се обиде да биде порезервиран и да го задржи ведриот
дух по ремито со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, негирајќи ги
тврдењата на медиумите и навивачите за испуштени важни два бода
во битката за титулата.
Ливерпул доминираше во најголем дел од мечот и со свои грешки му
овозможи на Јунајтед да се врати во мечот, а на крајот се спасуваше и
од пораз во самата завршница.
Клоп нагласи дека неговиот тим „освоен поен плус“, а не загубил два,
но капитенот Вирџил Ван Дајк имаше целосно спротиставено
мислење од она на менаџерот.
„Да бидам искрен, се чувствувам како да сме загубиле. Ова е рамно на
пораз и повторно сме самите виновни за тоа. Имавме толку многу
шанси и моравме да го затвориме мечот во наша корист. За жал,
индивидуална грешка ги врати во игра, но и после тоа имавме време
да победиме.
Дури и после 2-1 креиравме многу шанси, доволно за да победиме.
Требаше да водиме најмалку 2-0 на полувреме, но во фудбалот се
случуваат вакви нешта и така им дозволивме шанса да се вратат, што
за жал и се случи“, изјави Ван Дајк.