Ван Дајк ќе игра до Мундијалот 2026 година

Капитенот Вирџил ван Дијк ќе игра за репрезентацијата на Холандија најмалку до Светското првенство во 2026 година, изјави селекторот Роналд Куман на прес-конференција пред натпреварот од Лигата на нации против Босна и Херцеговина.
Холандија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство, каде што беше елиминирана од Англија.
„Беше важно да го видам и да разговараме. Сакав да знам дали има намера да игра за националниот тим со полн интензитет во следните две години и тој позитивно одговори на моето прашање. Го сакам и во тимот. Ако некогаш имаш било какви сомнежи за Вирџил, тие сега треба да бидат во историјата“, рече Куман во изјава за „Скај Спортс“.