Ван дер Варт: Дури и играчите на Барса сонуваат да играат за Реал

Рафаел ван дер Варт е поранешен играч од средниот ред на Ајакс, ХСВ, Реал, Тотенхем и холандската репрезентација, а во моментов се остварува како телевизиски коментатор.
Неговите забелешки се вирални, а најновата е за тоа кој клуб е најпосакуван во светот.
„Реал е клуб за кој секој фудбалер сака да игра. Не знам зошто е тоа така, но тие сакаат да играат за Реал многу повеќе отколку, да речеме, Барселона. Секој фудбалер во светот го сака тоа, па дури и играчите на Барселона сакаат да играат за Реал Мадрид. Сигурен сум во тоа 100%“, вели Ван дер Варт.
Тој дојде од ХСВ во Реал во летото 2008 година. За две години одигра 73 натпревари таму, постигна 12 и асистираше за 13 гола, но тоа беше за време на доминацијата на Барселона, па со Реал не освои ниту еден важен трофеј. Потоа се пресели во Тотенхем.