Ван дер Варт: Пандев е за Македонија како Кројф за Холандија
Поранешниот холандски репрезентативец Рафаел ван дер Варт беше воодушевен од емотивното збогување на легендата на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.
„Мислам дека беше фантастично и емотивно. Тој е како Јохан Кројф од Македонија”, рече Ван дер Варт, како експерт на холандската национална телевизија.
„Ми дојдоа солзи в очи. Мислам дека е убаво што таквите играчи добиваат такво збогување”, дополни Холанѓанецот.
