Ван де Бек во јануари се сели на „Сан Сиро“
Италијанскиот шампион Интер ќе се обиде да го доведе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван ден Бек, во зимскиот преоден рок.
24-годишниот холандски интернационалец ја започна својата втора сезона на „Олд Трафорд“, но сепак има многу мали шанси да се појави како стартер во тимот на менаџерот Оле Гунар Солскјер.
Во тековната сезона, тој има одиграно само 51 минута во два меча во кои се најде на теренот. Доколку играчот од средниот ред продолжи да седи на клупата, Интер ќе се обиде да го откупи за време на зимската пауза.