Ван Нистелрој одушевен од игрите на Гакпо во Катар

Манчестер Јунајтед сака по секоја цена да донесе замена за Кристијано Роналдо уште во зимскиот преоден рок, па неполни две седмици пред отворањето на јануарскиот трансфер пазар, станува се појасно дека примарна мета на „ѓаволите“ е Коди Гакпо.

Напаѓачот на ПСВ се докажа и на мундијалот во Катар и со тоа си ја зголеми својата цена на трансфер пазарот, но во ситуација кога Јунајтед веќе има подготвено 50 милиони евра за првата понуда до холандскиот клуб, со реална изјава се јави и легендарниот Руд Ван Нистелрој.

Поранешниот голгетер работи како тренер во ПСВ од стартот на оваа сезона и помогна во развојот на Гакпо, на кого сега подготвен е да му го покаже патот кон славата уште во јануари.

„Навистина уживав гледајќи го Гакпо на Светското првенство во Катар и сметам дека заслужува се што му се случува. Имав можност да бидам блиску до него и да му помогнам во развојот и тоа ме прави горд“, рече Ван Нистелрој.